Американските власти објавија нови информации за вооружениот напад што се случи на универзитетски кампус, при што жртвата Чарли Кирк им подлегна на повредите во болница.
На прес-конференција, комесарот за јавна безбедност, Боу Мејсон, потврди дека полицијата успеала да ја реконструира трасата на движење на напаѓачот.
„Го следевме неговото движење уште од 11:52 часот наутро – пристигнал во кампусот, се движел низ скалите, стигнал до покривот и таму го извршил нападот. Потоа избегал на другата страна на зградата, скокнал и се упатил кон соседството“, изјави Мејсон.
Тој апелираше до јавноста за трпение и посочи дека лицата кои досега биле сослушани не се осомниченици, туку „лица од интерес“. „Некои од нив добиваат закани, а тие не се поврзани со нападот,“ нагласи тој.
Во потрагата е вклучен и ФБИ, кој веќе пронашол оружје за кое се верува дека било користено при нападот.
„Станува збор за силна репетирка, пронајдена во шумско подрачје каде што напаѓачот побегнал,“ соопшти агентот Роберт Бохлес.
ФБИ потврди дека покрај оружјето се пронајдени и отисоци од дланка и подлактица, кои се предмет на лабораториска анализа.
Според полицијата, осомничениот изгледа како студент и успеал да се „стопи“ во средината. Доколку не биде брзо идентификуван, ќе бидат објавени фотографии за помош од јавноста.
„Истрагата е во полн ек, но не знаеме колку далеку е заминал. Убеден сум дека ќе успееме да го пронајдеме,“ додаде Мејсон.