Блогот „Верџ“ на „Вокс медиа“, повикувајќи се на добро информиран извор, објави дека гигантот Фејсбук планира да го промени своето трговско име следната недела.
Наводно, целта е сосредоточеност на концептот на извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукерберг.
Тој, наводно, планира да зборува за промената на името, на годинешната конференција на компанијата на 28 октомври, но веста може да биде објавена и порано.
Ребрендирањето најверојатно ќе го постави Фејсбук како еден од повеќето производи на „компанијата мајка“, којашто исто така ги контролира и Инстаграм, Ватсап.
Засега не е познато кое ќе биде новото име.
