Фенг шуи правила – на овој начин ќе имате повеќе пари во домот

Постојат најразлични фенг шуи амајлии за кој се верува дека привлекуваат среќа, љубов, позитивна енергија па дури и пари.

Некои од нив се чуваат во домот или во канцеларија на работа, додека пак за некои се верува и дека секогаш треба да бидат со вас.

За овие три фенг шуи талисмани се верува дека секогаш треба да ги имате со вас:

  • Кинески монети, симболизираат соединување на небото, земјата и човекот.

За кинеските монети се верува дека носат просперитет, професионален успех, здравје, задоволство и изобилство. Кинеските монети може да се користат во групи од по три, пет, шест, осум, девет или десет монети врзани со црвен конец. Тие можат да бидат прикачени на мобилен телефон или да се носат во паричник за да се активира просперитетот.

Предупредување: Никогаш не користете четири затоа што тоа се смета за лоша среќа.

  • Окото на Фатима или турско око

Окото на Фатима (попознато за нас – турско око) се користи како амајлија во различни култури, вклучително и фенг шуи традицијата. Многумина го купуваат на туристички дестинации и го користат како украс.

Се верува дека окото штити од завист, љубомора, лоша енергија и најчесто се закачува на вратата или се носи како приврзок за клучеви.

  • Бесконечен јазол

Ова е симбол на фенг шуи јазол што се користи за продолжување на сите добри работи, бидејќи се смета за едно од 8-те богатства на Буда. Ако користите мистичен или бесконечен јазол, обидете се да го поставите во југозападниот дел од вашиот дом, спална соба, канцеларија или дневна соба и на тој начин да ги подобрите сите ваши односи.

Може да го носите и како накит, приврзок или да го ставите во паричникот.