Жена од американскиот град Таунтон во државата Масачусетс со најретка форма на бременост родила два различни пара близнаци одеднаш , откри магазинот People .
Mom Delivers 2 Sets of Identical Twins After Being Surprised by Pregnancy with Quadruplets: 'I Feel Amazing!' https://t.co/Y6yrne5U29
— People (@people) July 28, 2022
35-годишната Ешли Нес родила две девојчиња и две момчиња . Пораѓањето се случило во клиниката во Бостон со царски рез во 28 гестациска недела (нормална бременост е до 38 недела).
Децата се родени со разлика од една минута. Следните осум недели ќе ги поминат во болница под надзор на лекари.
На жената и биле оплодени две јајце клетки во исто време, од кои секоја потоа се поделила на два дела. Бидејќи одвоените јајца беа во различни плаценти, беа формирани две различни групи близнаци.
Ваков феномен се забележува многу ретко, околу еднаш на 10 милиони бремености.
„Да имаше толку среќа на лотарија, ќе беше многу богата“, вели Ахмет Башат, директор на Центарот за терапија на фетусот и професор по акушерство и гинекологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Нес е фризерка со скратено работно време и живее во дом со три спални соби со нејзината 8-годишна ќерка, нејзиниот 47-годишен дечко и неговите два најмали сина.
Пред да забремени, жената претрпела четири спонтани абортуси.
Претходно беше објавено дека 30-годишна жителка на предградието Бектон во источен Лондон забременила два пати во неделата, спротивно на предвидувањата на лекарите.
Реткиот феномен во кој јајце клетката се оплодува со сперма и се вградува во матката по втор пат само неколку дена или недели по првиот процес се нарекува суперфетација.