Националната метеоролошка служба на Австралија на 10 октомври 2023 година ги потврди најновите податоци за еволуцијата на феноменот Ел Нињо, означувајќи го почетокот на феноменот во Пацификот. Температурите на површината на морето (SST) во Централниот и Источниот Пацифик постојано се зголемуваат од минатата пролет и сите достапни модели за прогноза покажуваат дека е можно дополнително затоплување на океаните во наредните месеци, што дополнително ќе го зајакне феноменот Ел Нињо.
Исто така, сега има и сателитски набљудувања на атмосферата која што реагира на топлите води на Тихиот Океан, што доведува до големи промени во стуењето на ветрот во тропските и суптропските области на Пацификот, но и во помала мера, на глобално ниво. Исто така и зголемена облачност и врнежи од дожд се забележани над Централниот Пацифик. Ел Нињо, обично доведува до намалени врнежи во источна Австралија.
Климатските модели покажуваат дека овој Ел Нињо најверојатно ќе опстои барем до крајот на февруари 2024 година.
Што да очекуваме во следните месеци во Европа?
Додека најголемите влијанија на Ел Нињо се чувствуваат во Тихиот Океан, Јужна и Северна Америка, тој може да има некои секундарни и помали влијанија врз барометриските системи во Европа. Важно е да се забележи дека влијанието на Ел Нињо врз времето во Европа е сложено, и е потешко да се предвиди и може да варира од еден настан до друг.
Влијанието на Ел Нињо врз европското време може да доведе до многу потенцијални влијанија, како што се:
• Блага есен: Ел Нињо може да придонесе за потопли и постабилни пролетни и есенски временски услови во Европа.
• Потопли зими: Ел Нињо често се поврзува со поблаги и потопли зими во Европа. Односно, ја зголемува веројатноста за натпросечни температури во текот на зимските месеци, без да се исклучат кратки периоди на ниски температури.
• Повлажни услови во Медитеранот: Ел Нињо може да доведе до зголемени врнежи во областите на Јужна Европа, особено во Медитеранот. Ова може да доведе до поголем ризик од обилни врнежи и грмотевици, што може да доведе до поплави.
Карта на температурата на пацифичкото море
Картата подолу ги прикажува отстапувањата на температурата на површината на морето од просечните на почетокот на октомври 2023 година. Белиот правоаголник ја идентификува областа каде што се појавува феноменот Ел Нињо. Отстапувањата веќе ги надминуваат за 4 степени.