Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

Владата на Република Северна Македонија го именуваше Арбен Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија со седиште во Брисел. Информацијата ја соопшти самиот Фетаи преку објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека новата функција претставува голема чест, но и значајна одговорност.

Според него, неговата задача ќе биде да придонесе за унапредување на процесот на европска интеграција на државата преку зајакнување на политичката поддршка во институциите и земјите-членки на Европската Унија, како и преку надминување на политичките и дипломатските предизвици поврзани со евроинтегративниот процес.

Фетаи истакна дека ќе работи на тоа гласот на Северна Македонија да биде посилен и поприсутен во Брисел и во европските престолнини.

Тој посочи дека по долгогодишната кариера во Брисел и искуството стекнато во Владата на Северна Македонија, новата должност ја презема со уверување дека иднината на земјата е во Европската Унија.

Во својата објава, Фетаи му се заблагодари на премиерот и на Владата за укажаната доверба, нагласувајќи дека патот кон Брисел продолжува „со решителност, партнерство и целосна верба во нашата европска иднина“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни