Македонија

Фетаи: Наместо на обвинителна клупа, Милошоски „мавта“ со лажни бројки и дели совети

Пред судењето за „Монструм“, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека денеска наместо некои осомничени лица да бидат на обвинителна клупа, тие „мавтаат“ со лажни бројки и со делење совети, алудирајќи на Антонио Милошски во истрагата „Моќник“.

„Целта на преземањето на предметите беше да нема застој, а истрагите седат во кутии и затоа некои осомничени лица за измамнички дејствија и за поттикнување злоупотреби место денеска да бидат во судница на обвинителна клупа, тие мавтаат со лажни бројки и делат правни совети како треба да се води истрагата за надоместоците на обвинителите од СЈО. Конкретно зборувам за „Моќник“ и осомниченото лице Антонио Милошоски, кој место да си спрема одбрана за во судница, доколку се разбира ни беа поделени предметите, тој излегува по медиуми и дели правни совети“, изјави Фетаи, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни