Македонија

Скопската зоолошка градина доби патагониски мари, нанду, кокошести гуски, бели пауни и лебеди

Скопската зоолошка градина доби патагониски мари, нанду, кокошести гуски, бели пауни и лебеди

По повод стогодишнината од своето постоење, Скопската зоолошка градина соопшти дека нејзиното семејство е збогатено со нови жители. Во зоолошката градина пристигнаа патагониски мари, нанду, кокошести гуски, бели пауни и лебеди.

Од установата информираа дека новите животни се сместени во задолжителен карантин, каде што добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор за безбедно приспособување на новата средина.

Како што најавија од Скопската зоолошка градина, посетителите наскоро ќе имаат можност да ги видат одблиску и да уживаат во нивната убавина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни