Фил Колинс во лоша здравствена состојба – на идната турнеја ќе мора да пее седејќи

Познатиот британски музичар Фил Колинс во интервју откри за неговата лоша здравствена состојба.

Вели дека едвај може да ги држи своите тапанарски стапчиња во рака, и дека на сцената наскоро ќе мора да пее седејќи.

„Тешко ми е, тоа многу ме фрустрира зашто сакам да можам да стојам додека настапувам. Но, и едвај ги држам стапчињата во рацете, така што има одредени здравствени проблеми кои ме спречуваат“, вели 70-годишниот Колинс.

Колинс додава дека тоа е поради последица од операциите на грбот во 2009 и 2015 година, а истакна и дека има дијабетес.

Тапанарот и пејач, инаку осумкратен добитник на „Греми“, ја најави и идната, повратничка турнеја на неговиот рок-состав „Генезис“, кој е основан во 1970-тите.

Тој изјави дека неговиот син Ник ќе свири на тапани на турнејата, којашто ќе биде прва негова во Северна Америка по 14 години.

Колинс, кој имаше успешна соло кариера во 1980-тите и 90-тите, со хитови како „In the Air Tonight” и „One More Night“, во 2011 година објави дека се повлекува од сцената, но 2017 година се врати со серија концерти, под наслов „Not Yet Dead: Live“.