Филипче и Битиќи нови потпретседатели во СДСМ, уште еден мандат доби Николовски како генерален секретар

Љупчо Николовски доби доверба за уште еден мандат во СДСМ, како генерален секретар на партијата, а на местото на Коста Петров и Мухамед Зеќири седнуваат новите потпретседатели Венко Филипче и Фатмир Битиќи и двајцата дел од извршната власт, дознава 4NEWS.mk

Оваа одлука СДСМ ја донесе на денешниот 26. конгрес на партијата кој по втор пат се одржува онлајн во пандемиски услови.

Претходно, за заменик на лидерот Зоран Заев, а на место на Радмила Шекеринска избрана беше актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска.

4NEWS.mk уште во текот на денот овој избор го соопшти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното