Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека изминатите три недели бележиме најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот.
„Се надевам дека ќе продолжиме со истиот капацитет и дека со зголемување на возрасните категории ќе расте и опфатот со вакцинација. Во Тетово е значително пораснат опфатот со вакцинација, дури 15% во изминатите две недели. Бројките потврдуваат дека ефикасноста на вакцините е голема“, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
„Нема унифициран пристап за лекување, туку препораки во зависност од тежината на клиничката слика. Клучен фактор и во процесот на лекување сепак е вакцинацијата“, додава тој.