Македонија

Филипче: Комуницирам со албанските партии, но немаме коалиција ниту разговори за избори

Филипче: Комуницирам со албанските партии, но немаме коалиција ниту разговори за избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека има комуникација со албанските политички партии, но дека таа не претставува политичка соработка или договор за коалиција.

„Имаме комуникација со сите политички партии, меѓутоа немаме соработка, ниту имаме некоја коалиција“, рече Филипче.

На дополнителното прашање дали разговараат за политичката ситуација и за евентуални избори, тој одговори дека изборите не биле тема на разговорите.

„Не, на тема избори не. Комуникацијата е лична“, појасни лидерот на СДСМ.

Во завршниот дел од интервјуто, Филипче се осврна и на незадоволните гласачи и на апатијата кај дел од граѓаните. На прашањето како планира да ја придобие довербата на луѓето што не се препознаваат во политичката понуда, тој порача дека „не сме сите исти“.

Филипче рече дека верува во европската иднина на земјата и дека СДСМ ќе работи на воспоставување функционален систем, искоренување на корупцијата и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина во Македонија.

„Искрено верувам дека ќе ни ја дадат довербата на изборите, кога и да бидат“, изјави Филипче во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни