Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочува дека со жалење ја примил веста за тоа дека уште еден медицински работник ја изгубил битката со ковид-19.
Се вчитува...
„Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата. Медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик. Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници“, пишува Филипче.
.
