Филипче: Научните студии докажуваат дека маските се ефикасен начин да го спречиме ширењето на коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува дека научните студии докажуваат дека маските се ефикасен начин за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Научните студии докажуваат дека маските се ефикасен начин да го спречиме ширењето на коронавирусот. Последното истражување спроведено во Јапонија прецизно го утврдува процентот на заштита од различниот тип на маски. Носењето маска значи грижа за здравјето на сите околу нас и значаен придонес во битката со пандемијата“, додава Филипче.

Тој објави и фотографија според која може да го видиме степенот на заштита од различните типови маски.

.

Извор: ТВ21