Дури 50 проценти од децата родени во 2017 година не се вакцинирани со МРП вакцината (морбили). Оваа информација денеска ја истакна министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека процентот на невакцинирани деца понатаму опаѓа, посочувајќи дека Министерството ќе се бори за ваквиот негативен тренд со тоа што ќе предложи невакцинираните деца да не се примаат во градинките и училиштата.
„Категорично ќе стоиме на ставот дека децата во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани, бидејќи никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца. Децата се нашата иднина, а ние сакаме здрави деца“, рече Филипче.
За ваквиот процент на невакцинирани деца, Филипче смета дека виновници се неколку фактори, пред се изразените антивакцинални кампањи.
„Во прво одделение околу 20 проценти од децата не се вакцинирани, што исто така сериозно не загрижува заради тоа што примовакцината која се прима прва на најмала возраст е таа која го создава вистинскиот имунитет. Веќе презедовме мерки и во рамки на тоа како сега е структуриран системот се упатува повик до сите родители чии деца не се вакцинирани“, рече министерот за здравство.
