Македонија

Филипче се повлекува од Влада и од СДСМ: Сега ќе имаме повеќе време за мотори, рече Заев

Заедно со лидерот на СДСМ и премиер во заминување се повлекува и Венко Филипче. Тој важеше за еден од најблиските луѓе на Заев.

На една од последните средби во Клубот на пратеници, Заев низ шега рече дека сега со неговиот пријател Венко ќе имаат повеќе време за да возат мотори.

Новото раководство на СДСМ се очекува да биде избрано од страна на ЦО идната недела. Освен Филипче, во него нема да бидат ни Оливер Спасовски ни Мила Царовска. Додека, пак, телевизијата објавува дека новиот лидер Ковачевски и натаму смета на Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни