Филипче вечер ќе одржи состанок со Синдикатите за предлог ковид-мерките

На денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) не биле донесени заклучоци, а за предлог ковид- мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада, соопшти Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче вечер ќе одржи состанок со Синдикатите за да ги слушне и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница.

Министерството за здравство предложи сите вработени во јавната администрација и во локалната самоуправа за влез на работното место да прикажат документ дека се вакцинирани, сертификат за прележаност на ковид-19 не постар од 45 дена или пак негативен ПЦР тест кој вработените треба да го прават на сопствен трошок. Од мерките се изземени случаите на ретки имунолошки состојби.

Филипче, утрово на  ГККШ ги предложи мерките на Комисијата за заразни болести кои со консензус беа усвоени на состанокот, минатата недела.

Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава како и за покачување на вакцинацијата во државата.

Говорејќи за состојбата во државата, Филипче рече дека болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%. Ваков вид, но и доста поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други.

Поврзани вести

Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека нема да се кандидира за претседател на СДСМ. „Не, немам таков интерес“, одговори кратко Филипче.

Се очекува да пристигнат двајца од седумте пациенти кои беа хоспитализирани во „Пирогов“ во Бугарија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека две лица од вкупно седум пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ се очекуваат да пристигнат од Бугарија.

ССК: Неточна е изјавата на Филипче дека сме барале задолжителна вакцинација за приватниот сектор

Вчерашната изјава на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна и ја демантираме во целост, се наведува...

„Тој што се пронаоѓа во министеркста работа треба да остане“, рече Филипче на прашање дали ќе се најде во реконструкцијата на Владата

Откако е најавена реконструкцијата на Владата, деновиве беше обелоденето дека шест министри ќе бидат променети, но дали меѓу нив ќе биде и министерот за здравство Венко Филипче? „Треба да...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...