Македонија

Филипче: Зибери е разрешен поради тоа што го поткопа угледот на Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство денеска информираше дека од функцијата е разрешен Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери. Зибери е сменет после неговиот натпис на „Фејсбук“ дека помогнал на Комисијата да донесе одлука за отворање на границите за да може гласачи на ДУИ да гласаат на 15. јули.

Зибери најпрво обвини дека одлуката на Филипче е политичка, бидејќи неговиот чичко бил кандидат за премиер.

Еве што на тоа одговори Филипче на денешната прес-конференција.

-Апсолутно сакам да го демантирам тоа. Разрешувањето следува по неговата изјава. Го поткопа угледот на членовите на Комисијата за заразни болести. Одлуките на Комисијата се носеа исклучиво базирани врз науката. Апсолутно никој не смее да политизира и да добива политички поени на едно такво сензитивно прашање. Нема да дозволам никој да ја политизира стручната работа на комисијата“, рече министерот Филипче.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни