Македонија

Филмско бегство од затворот во Прилеп

илмско бегство се случило вчера околу 12.30 часот од затворот во Прилеп. Според првичните и неофицијални информации до кои дојдовме 36 годишен гостиварчанец осуден на 20 години затвор поради тешки кражби избегал во моментот додека на посета му биле неговата сопруга и неговата мајка. Кога завршила посетата затворските службеници забележале дека во посебната просторија за средби се наоѓаат само двете жени, а затвореникот го нема. Веднаш е започната потрага по затвореникот, но безуспешно.

Она што неофицијалмно го дознаваме е тоа дека засега нема индиции дека во бегството се вмешани и лица од затворот или надворешни лица, но веднаш била на направена и внатрешна истрага. Известени биле околните полициски станици, Управата за извршување на санкции и Јавното обвинителство.

Она што е уште посомнително е тоа што бегството не е забележано ниту од безбедносните камери во затворот ниту од затворската полиција и навистина не е јасно како затвореникот успеал да излези надвор од високите ѕидови на затворот.

Сопругата и мајката на затвореникот се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

Од МВР велат дека кај нив е пријавен таков настан и дека во моментов се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое е во бегство.

Исто така според првичните и неофицијални информации согласно законските прописи и мерки можно било превземање на соодветни активности за дисциплински мерки против  дежурните затворски полицајци кои биле задолжени за посетата на затвореникот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни