Финска е најсреќната земја во светот – Македонија на 89 место

Финска е најсреќната земја во која живее по петти пат, додека Македонија е 89-та од 146, според Светскиот извештај за среќа, публикација на Мрежата на ОН за одржлив развој.

Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата и други.

Од земјите во регионот, најсреќно место за живеење е Словенија, која е на 22 место, потоа Србија на 43, Хрватска на 47, БиХ на 67, Црна Гора на 75, а Северна Македонија на 89 место.

Споредено со лани, од земјите во регионот само БиХ и Црна Гора паднале за неколку места. Според минатогодишниот извештај, Словенија беше на 29 место, Србија на 48, Хрватска на 60, БиХ на 64, Црна Гора на 70 и Северна Македонија на 94 место.

Америка падна на 16-то место од минатогодишното 14-то, Обединетото Кралство на 17-тото, од минатогодишното 18-то, а Франција е непроменета на 20-тото место.

Од земјите на поранешниот Советски Сојуз, Литванија и Естонија имаат најдобри показатели, на 34 и 36 место, потоа Молдавија 62, Киргистан 64, Белорусија 65, Туркменистан 78, Русија 80 во споредба со минатогодишното 60 место, пренесува РИА Новости.

Најнесреќни земји според ОН се Авганистан кој е на последното место и Либан.

Првиот светски извештај за среќата беше објавен во 2012 година.