Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Фон дер Лајен идната недела доаѓа во Скопје – ќе го претстави „енергетскиот“ пакет од милијарда евра

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во изјава по завршувањето на денешниот состанок на шефови на дипломатии одржан во Берлин во рамките на Берлинскиот процес, најави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го донесе идната недела во Скопје пакетот за енергетска поддршка.

-Имав можност да се видам и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој даде исклучително позитивна вест, а тоа е пакетот за енергетска поддршка којшто ќе биде најавен со доаѓањето на претседателката на Европската комисија следната недела во Скопје, пред се, помошта во делот на надминување на тековните проблеми во однос на снабдувањето со енергија и високите цени за индустријата и домаќинствата, изјави Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни