Македонија

Фон дер Лајен: Северна Македонија треба да го направи одлучувачкиот чекор напред

Фон дер Лајен: Северна Македонија треба да го направи одлучувачкиот чекор напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска пристигна на скопскиот аеродром каде што се сретна со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Фон Дер Лајен треба да се сретне уште со претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски, спикерот Џафери, по што ќе се обрати во Собранието.

„Мило ми е што сум во Скопје. Северна Македонија е вистински и доверлив партнер. Луѓето од државата ја покажаа својата посветеност кон европските вредности. Тие заслужуваат да ја гледаат својата земја како напредува на патот кон членството. Сега е време Македонија да го направи одлучувачкиот потег напред“, напиша Фон Дер Лајен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни