Во црковниот храм „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во Кочани утрово во 08 часот беше отслужена литургија за упокоените, посветена на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.

На богослужбата присуствуваше и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, кој заедно со свештенството и верниците се помоли за душите на загинатите и за утеха на нивните семејства.

Литургијата помина во тивка и достоинствена атмосфера, со присуство на роднини, пријатели и граѓани кои со молитва и свеќи го одбележаа споменот на трагично настраданите.

Ова е дел од одбележувањето на годишнината од трагедијата, со која Кочани и пошироката јавност повторно ја изразуваат својата болка, но и солидарност со семејствата на жртвите.

