Откако се исели од Белата куќа во јануари, Меланија Трамп исчезна „од нишанот“ на папараците, како и надвор од очите на остатокот од светот. Сепак, списанието „Пипл“ ја пронајде.
Поранешна прва дама и нејзиниот син Барон летуваат во Њујорк, вели извор близок до магазинот.

Причината е практична – Доналд Трамп има некаков бизнис на Менхетен, па за тоа време семејството живее помеѓу кулата Трамп, облакодер од 58 ката на Петтата авенија и резиденција во Бедминстер, Њу Џерси, каде што поседуваат терени за голф.
За разлика од првата сопруга на Доналд, Ивана, Меланија не ги следи стапките на нејзиниот сопруг. Таа често патува сама низ Америка, дури и во странство, без големата медиумска помпа што не и се допадна дури ни кога Трамп беше на чело на државата.
ФОТО: Profimedia
