Македонија

ФОТО Букевал со 6 нозе отстранет од влезот на Скопје

ФОТО Букевал со 6 нозе отстранет од влезот на Скопје

По бројните реакции на социјалните мрежи, денеска е отстранет билбордот „Добредојдовте во Скопје“, кој беше поставен во петокот навечер од градските власти на еден од влезовите во градот.

Како што дознаваме од извори во Град Скопје, билбордот ќе биде заменет со нов, а целосниот трошок ќе го сноси компанијата што го изработила визуелното решение со ненамерни грешки. Притоа, корекцијата нема да биде на товар на граѓаните.

Од Град Скопје велат дека ги слушаат забелешките на јавноста и реагираат без одлагање, со цел да се избегнат слични пропусти во иднина.

Претходната верзија на билбордот предизвика критики поради правописни и визуелни пропусти, а дел од корисниците посочија и на несоодветно прикажување на коњот Букефал, што дополнително ја разгори расправата онлајн.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни