Македонија

ФОТО: Демир Хисар доби ново возило за собирање на комунален отпад

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нови возила за собирање на комунален отпад за Општина Демир Хисар и Општина Крушево.
Денеска и официјално возилото беше промовирано после остварената средба во Крушево на градоначалникот Стојановски со градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, Гого Видимче.Image may contain: 4 people, including Marjan Stojanovski, people standing, shoes, tree and outdoor
„Заеднички пристапуваме на многу проекти и во иднина Општина Демир Хисар и Општина Крушево ќе реализираат низа активности со поддршка на Центарот за развој на Пелагониско планскиот регион и Министерството за локална самоуправа“, посочи Стојановски.
Стојановски, исто така, упати голема благодарност до Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот регион за овој значаен регионален спроведен Проект за набавка на ново возило за собирање на отпад на ЈКП „Комуналец“, со што дополнително ќе се опреми Јавното комунално претпријатие во Општина Демир Хисар.Image may contain: 3 people, people standing and outdoor

Вкупната вредност на проектот изнесува 6.063.666,00 денари од кои 5.457.298,00 денари се средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на БРР, а Општинa Демир Хисар кофинасираше во проектот со 303.184,00 денари.

Со овој проект се придонесува кон заштитата на животната средина во општината, а индиректно и во целиот Пелагониски регион.Image may contain: sky, cloud, outdoor and nature

Возилото поседува технички карактеристики приспособени на потребите ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар и е во согласнот со европските стандарди за извршување на комунални услуги.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни