ФОТО: Добри гости на Хвар – испиле коктели и шампањско во вредност од еден автомобил

Во еден клуб на Хвар, добро расположени гости потрошиле средства колку и еден половен автомобил.

Имено, гостите платиле сметка во износ од речиси 100 илјади куни, пренесува Слободна Далмација.

Гостите пиеле шампањ, коктели, сокови.

Сметката се споделува на социјалните мрежи, а се појави и на Редит каде корисниците се прашуваа дали сметката е фискализирана. Одговорот е да.

Во сметката се вели дека потрошиле 99.154 куни, а најмногу пари издвоиле за пет шишиња текила Дон Џулио Анехо – 24 илјади куни.