ФОТО: Еве како изгледа најмалиот шах на светот

Изработена најмалата табла со фигури за шах во светот.

Таа има размер од 0,89 на 0,89 сантиметри, а е изработена од микроскулпторот Некати Коркмаз.

Тој вели дека неговата минијатурна творба е двапати помала од онаа којашто сега го држи Гинисовиот рекорд, а за создавање на овој шах, му биле потребни шест месеци и шест часа на ден работа под микроскоп.

Коркмаз посочи дека е горд со своето дело, најмногу затоа што тоа е и целосно функционално.

Сепак, за шахистите да играат ќе треба да имаат микроскоп.

Инаку, Коркмаз досега дизајнирал над 40 микротворби, коишто се изложени во неговиот уметнички центар во Кушадаси.

ФОТО: https://en.chessbase.com/