Војвотката од Сасекс отсекогаш била под будното око на јавноста, и како актерка и како дел од британското кралско семејство.
Бројни обожаватели на Меган Маркл се занимаваа со темата пластична хирургија, и шпекулациите колку интервенциите има на лицето на војвотката од Сасекс.
Тие тврдат дека поранешната актерка на почетокот од нејзината кариера не изгледала како денес, а естетските хирурзи се согласуваат со нив.
Експертите ги споредија старите и новите фотографии на сопругата на принцот Хари, и дојдоа до заклучок какви процедури поминала.
„Меган има речиси совршено обликуван нос. Нејзините очи се правилно поставени, а брадата во форма на V е класично убава. Нејзиното лице е во добра форма и е близу до она што Грците го сметаа за совршено“, изјави еднаш естетскиот хирург Де Силва.
Токму нејзиниот нос е доказ дека војвотката не е целосно природно убава. На нејзините фотографии од тинејџерските денови, јасно е дека нејзиниот нос изгледал поголем, иако никогаш не признала дека била подложена на какви било естетски процедури.
Покрај носот, посочуваат дека таа ги исправила и јаболчниците и обликот на вилицата. Додека некои мислат дека разликите се видливи, други сепак мислат дека сепак изгледа убаво и природно.
