ФОТО Голем пожар во Битола, огнот зафатил два објекти

Силното невреме проследено со ветер и краток дожд кое попладнево го зафати Битола предизвика пожар во населбата Буковски ливади. Во 15:55 часот во ТППЕ Битола била примена дојава за запалена трева и два објекти, по што на терен веднаш излегле четири противпожарни возила со 14 пожарникари.

Пожарот, кој поради силниот ветер брзо се ширел и излегол од контрола, е локализиран и ставен под целосна контрола. Благодарение на брзата реакција на екипите, спречено е огнот да ги зафати и другите објекти во населбата.

Екипите на ТППЕ Битола ќе останат на терен до подоцните часови за целосна безбедност на просторот.

Од Противпожарната единица упатија голема благодарност до жителите на Буковски ливади и останатите граѓани кои помогнале при гаснењето на пожарот.