Македонија

ФОТО: Граѓаните се сеќаваат, „2014 како вчера да беше, ништо не е сменето“

ФОТО: Граѓаните се сеќаваат, „2014 како вчера да беше, ништо не е сменето“

Ништо не е променето ништо не е преземено. Ова се само дел од коментарите на друштвените мрежи по невремето и поплавите кои денеска го зафатија Скопје.

Граѓаните споделуваат фотографии од 2014 година, коментарајќи „како вчера да беше“. Други пак објавуваат фотографија од тогашниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски фотографиран пред поплавен подвозник.

„Легендарна слика, од 2014-та. Пред 8 години. Од тогаш на власт уште некоја година беа ВМРО, па СДСМ 4 години и пак ВМРО. Истите места уште се поплавуваат, а зависи кој е на власт или едните или другите се криви – на терен покажува дека ни едните, ни другите не направиле ништо“, пишуваат на друштвените мрежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни