Свет

ФОТО ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Сликата од крвавата глава на тренерот на Лион го обиколи светот

ФОТО ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Сликата од крвавата глава на тренерот на Лион го обиколи светот

Тренерот на Олимпик Лион, Фабио Гросо синоќа е повреден во напад на хулигани во автобусот на неговиот клуб, кој ги превезувал играчите и стручниот штаб на стадионот „Велодром“ на мечот со Олимпик Марсеј.

Натпреварот од 10. коло на француското национално првенство меѓу Олимпик Марсеј и Олимпик Лион беше одложен поради дивеењето на хулиганите по улиците на Марсеј.

Автобусот на Олимпик од Лион бил гаѓан со камења на патот кон стадионот во Марсеј, а потоа италијанскиот стручњак добил повреди на главата од парчиња скршено стакло на стаклата на автобусот, што предизвикало крварење, пренесува францускиот весник „Л’Екип“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни