ФОТО Хрватите повторно шокираа: На врвот на елката поставија превозно средство

Годинава загрепските пожарникари се одлучија за необична божиќна декорација и поставија возило на врвот на елката, а потоа на Фејсбук објаснија зошто.

Крајно неочекувано и несекојдневно украсување на врвот на елката во Загреб деновиве е вистинска атракција, а сега е откриено на кого му текнало на оваа необична идеја.

Се вчитува...

Во дворот на Противпожарната станица на улицата Савска се појавила челична конструкција на која има велосипед.

„Божиќна декорација со приказна! Оваа година нашата елка во дворот има посебна декорација – велосипед! Зошто велосипед? Затоа што не потсетува на сите оние анегдоти кога колегите и посетителите ги бараа своите велосипеди во дворот и секако секогаш сме среќни што им помагавме во потрагата – иако не знаеме како завршија на дрвото“, објаснуваат пожарникарите, а пренесува Јутарњи.

„Сега оваа симпатична декорација носи порака за заедништво и топлина – исто како што треба да бидат празниците. А којзнае, можеби некому ќе донесе среќа да најде велосипед! Среќно на сите од тимот на ZG193!“, велат од Противпожарната служба во Загреб.

Инаку, ова не е прв пат во главниот град на Хрватска главна тема во медиумите е елка и нејзиното необично украсување.

Пред неколку години на социјалните мрежи се прошири слика од елка од плоштадот во Загреб, која, како што објавија хрватските медиуми, можела да влезе во потесниот круг поради најбесмислените новогодишни инсталации во овој дел од Европа.