Македонија

ФОТО И Армијата се вклучи во расчистување на последиците од невремето

ФОТО И Армијата се вклучи во расчистување на последиците од невремето

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија се вклучија во справувањето со последиците од силното невреме што го зафати Скопје.

Од Армијата информираат дека нивните екипи веднаш по невремето излегле на терен и се ангажирале во расчистување на последиците, со цел да помогнат во нормализирање на состојбата во погодените делови од градот.

„По силното невреме што го зафати Скопје, припадниците на Армијата без одлагање излегоа на терен и се вклучија во расчистувањето на последиците, давајќи значаен придонес во справувањето со настанатата состојба“, соопштија од Армијата.

Од таму додаваат дека брзата реакција, професионалноста и посветеноста на припадниците уште еднаш ја потврдуваат подготвеноста на Армијата да им помогне на граѓаните во критични ситуации.

Силното невреме во Скопје предизвика бројни штети, меѓу кои паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, оштетени возила и блокирани улици, поради што повеќе надлежни служби се на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни