ФОТО: И напиша порака на Мадона и побара неговите пријатели да се појават кај неа во спот

Поранешниот учесник во реалното шоу „Задруга“ Марко Јањушевиќ Јањуш и напиша на светската ѕвезда Мадона, а тоа што го побара од неа ги насмеа сите.

Тој на својот Инстаграм профил објави порака што ја испратил до кралицата на поп музиката, а таа, барем засега, не му одговори.

„Здраво, Мадона, имаш голем поздрав од мене и моето семејство. Сите те обожуваме, особено татко ми. Нема многу да ви досадувам, само сакав да ве прашам нешто, ако ми излезете во пресрет. Имам некои пријатели од реални шоуа, можеби ги знаете, оној Цвеле и Ања, доколку можете да завршите да бидат во некој твој спот, баш би ти бил благодарен“, напиша тој.