Скопје ќе се бори заедно со уште неколку други градови за најзелен град во 2021 година.
Денеска ви ги претставуваме нашите конкуренти, односно градовите кои исто како Скопје се тркаат за „Европска зелена престолнина 2021“.
1. Лахти ( Финска)

Се наоѓа на заливот на јужниот крај од езерото Весиријарви. Овој дел е еден од главните економски центри на Финска. Градот има умерено континентална клима, а вкупно живеат околу 118.000 илјади жители.
2. Вестерос (Шведска)

Вестерос е еден од поголемите градови во Шведска, поточно во средишниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на округот Вестманланд и неговото управно седиште е најголем град. Вестерос истовремено е и седиште на истоимената општина.Климата во Вестерос е претежно континентална со големо влијание на морето и топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина. Вестерос е еден од неколкуте шведски градови со повеќе од 100.000 жители.
3. Лил (Франција)

Лил е град во северна Франција и е главен град на департманот Север и регионот Север-Па де Кале. Поширокото подрачје на Лил е четврт урбана зона во Франција, зад регионите на Париз, Лион и Марсеј. Живеат над 226.000 илјади жители.
4. Стразбур (Франција)

Стразбур или Штрасбург град во департманот Долна Рајна, во регионот Голем Исток, во традиционалната област Алзас, Франција. Стразбур е сместен на две реки, Лил и Рајна, како и меѓу две планини: Вож и Шварцвалд, на самата граница меѓу Германијаи Франција. Стразбур е поврзан со редовна автобуска и трамвајска линија со малиот град Кел што се наоѓа на другата страна на Рајна, во Германија. Живеат околу 277.000 илјади жители.
5. Дижон (Франција)

Дижон е град во источно-централна Франција, главен град на департманот Златен Брег и регионот Бургундија. Во градот живеат околу 150.000 жители и со тоа Дижон е 18-ти град во Франција според број на население. Дижон е оддалечен 300 км од главниот град Париз, 200 од Женева и Лион. Градот има поволна географска положба бидејќи низ него поминуваат значајни железнички линии и автопатишта.
6. Каљари (Италија)

Каљари е град во Италија и претставува административен центар и најголем град на провинцијата Сардинија во западниот дел на државата и главниот град со истото име на округот Каљари. Климата е медитеранска, а во градот живеат 157.130 илјади жители.
7. Тирана (Албанија)

Тирана – главниот град на Република Албанија. Се наоѓа во средниот дел од земјата. Бил основан во 1614 г. од страна на Сулејман-паша, а станал главен град на Албанија во 1920 година. Според прелиминарните податоци од пописот од 2011 година, во границите на градот Тирана живееле 421,286 жители.
8. Будимпешта

Будимпешта е главен град на Унгарија и нејзин oсновен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2010 година, во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот има големина од 525 км².
Ј.П

