ФОТО: Касами по барање на судот ја отстрани велосипедската патека поставена од Теута Арифи

 Билал Касами својата агенда за активности што ќе ги направи во првите 100 денови, ја започна со рушење на велосипедската патека која се наоѓа на двете страни од булеварот „Илинденска“.

Станува збор за стоплчиња кои се поставени долж двете коловозни ленти на булеварот „Илинденска” на потегот од судот до Универзитетот на Југоисточна Европа и излезот на градот кон Гостивар.

– Во 100-дневениот план што го презентиравме пред пошироката јавност, е и отстранувањето на велосипедските патеки, бидејќи тие се поставени спротивно со законот. Така што, денеска решивме да ги отстраниме столбовите за велосипедски патеки.

Поставување на нови велосипедски патеки ќе се врши согласно законот и европските стандарди, напиша Касами.

Сите се фалат кога нешто ќе направат, градоначалникот на Тетово Биљал Касами, на Фејсбук, се пофали со отстранување на велосипедска патека во Тетово.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното