ФОТО: Колкумина од нас се подготвени да направат вакво нешто за некој друг?

Жител на Загреб од својот прозорец сними необичен настан кој што ги воодушеви корисниците на Фејсбук.

„Недела е. Врне. Секој што може е в кревет. Некој ги оставил отворени двата прозорци во автомобилот. Не се знае кој… А, оваа жена наишла, веројатно од пекарницата… Праша неколку од малкуте минувачи и соседи дали знаат чиј е овој автомобил. Никој не знаеше. Таа замина, но се врати за 5 минути и ги залепи страничните прозорци за дождот да не ја навлажни внатрешноста. Колкумина од нас се подготвени да направат вакво нешто за некој друг?“, праша загрепчанецот покрај фотографијата од настанот.

Тој вели дека иако таа не го спасила светот од глад и војни, сепак ова е чекор кон вистинската насока.

„Затоа што, како што рече американскиот адмирал Мекрејвен – ако сакате да го смените светот, почнете да си го поправате својот кревет“, заклучи тој.