ФОТО: Кортни Кардашијан се вери

Кортни Кардашијан има 42 години и се чини дека вистинската љубов ја пронашла дури сега. Светските медиуми пренесуваат дека најстарата од сестрите Кардашијан се верила. Нејзиниот избраник е Тревис Баркер (43).

Кортни и Тревис се пријатели и соседи многу години, а почнаа да се забавуваат пред половина година. Сепак, нивната љубов се разгоре толку многу што тие се постојана тема на таблоидите низ целиот свет. Двојката не ја крие својата заљубеност и често се однесува како тинејџери.

Сега Тревис одлучи да ја запроси Кортни, па за таа прилика постави рози во форма на срце на плажата во Калифорнија и донесе ТВ екипа.

Кортни, претходно, беше во врска со Скот Дисик од својата 30 -та година, со кого има три деца, но таа никогаш не се согласи да се омажи за него. Се чинеше дека чека вистинска убов.

Сега Кардашијан објави фотографија од предлогот на Инстаграм со натпис: Засекогаш!

И посакуваме среќа!