Македонија

ФОТО: Ковачевски и Бектеши ги проверуваа цените по маркети

ФОТО: Ковачевски и Бектеши ги проверуваа цените по маркети

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот Крешник Бектеши и претставници од владата ги проверуваа цените на производите во маркети.

Бектеши објави неколку фотографии и кратко напиша „Потрошувачот во прв ред“.

Претходно, премиерот најави дека може да се очекува замрзнување на цените и на други основни производи.

-Во Министерството за економија се прават анализи во однос на цените и на други основни прехранбени производи. Така што, во блиска иднина можно е да следува замрзнување на цените и на други основни производи коишто се сметаат за основни прехранбени производи. Но, за тоа не би сакал да навлегувам во детали додека не бидат направени калкулациите. Кога ќе бидат направени и донесени соодветните одлуки веднаш ќе бидете информирани, рече Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни