ФОТО: Кралицата Летиција маестрално спои 2 водечки тренда

Кога некој знае што значи добар стил, тогаш изгледа вака. Кралицата Летиција (49) уште еднаш објасни зошто ја нарекуваат кралица на стилот и ни даде одличен предлог за трендовски стајлинг.

Таа феноменално ги спои двата најголеми трендови за оваа есен. Тоа се кожни панталони и карирана твид јакна.

Популарноста на овој модел на панталони не се намалува со возраста, и нема да биде помалку релевантна ниту оваа сезона. Ако се уште не сте, не заборавајте да купите барем еден пар. Ова е многу практично парче што може да се носи на безброј начини, и можеби најдобро оди со блејзер.

Сакото, во кое се прошета Летиција, повторно се враќа на модната сцена со стил и е полн погодок за оваа сезона. Се повеќе дизајнери го вклучија овој модел во своите колекции.

Очекувано, Летиција доби чиста десетка од модните експерти, и со каква оценка би го оцениле овој стајлинг?