Грижата за кожата во последните години во светот на убавината стана исклучително важна и популарна, а меѓу нив се наоѓа и бикини за лице кое покрива се освен очите, носот и устата со цел да не изгорите на сонце.
Оваа чудна маска се нарекува face-kina или бикини за лице.

Таа максимално ја штити кожата од сончевите зраци, а изразено е популарна во азиските земји.
Оваа маска е измислена во 2004 година во Кина од Жанг Шифан која тогаш работела како сметководителка.

Токму овие „бикини“ ја прославиле и збогатиле, па затоа и ја напуштила својата работа.
Маските се популарни и во Кина, а освен што од сонце, тие штитат и од медуза, инсекти и песок.

