Свет

ФОТО: Најмалку 48 лица загинаа во експлозија во Нигерија

ФОТО: Најмалку 48 лица загинаа во експлозија во Нигерија

Најмалку 48 лица загинаа денес во експлозија на камион цистерна со гориво по судир со друго возило во северно-централниот дел на Нигерија.

Државната агенција за управување со вонредни состојби наведува дека во судирот учествувале повеќе возила, пренесе Ројтерс.

Цените на бензините во Нигерија минатата недела се зголемија за најмалку 39 отсто, што е второ големо зголемување за повеќе од една година, но недостигот продолжи, принудувајќи ги возачите да чекаат во редици со часови во поголемите градови и населени места во земјата, пренесува Танјуг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни