ФОТО: Наставничка од Србија создаде робот што може дури да и ја „земе“ работата

Наставничката по информатика и компјутерски науки, Милкица Златиќ од српското гратче Ивањица, си создаде своја автоматизирана технолошка иновација, односно робот по име Хелга.

Таа работела на овој уред шест месеци, па така новата наставничка „Хелга“ сега работи со вештачка интелигенција и може да учествува на часовите.

„Роботот „Хелга“ е проект за којшто сум исклучително горда. Потребни беа многу напор и работа… Дури 13 часа во училиште, повеќе од шест месеци, за да се направи правилно. Се управува со далечински команди, преку вештачка интелигенција и „вештачките сетила на Интерфејсот“, вели Милкица за Рина.

Во тој потфат на наставничката ѝ помогнаа и учениците, за кои, како што велат, ова било неверојатно искуство.