Популарниот балкански пејач реши да ги прекине трансформациите, а се посвети на својот изглед и денес изгледа непрепознатливо.
Јавноста го запозна еден од најпопуларните бугарски пејачи Азис во малку поинакво издание во однос на тоа како изгледа денес.
Многу шминка, фарбана коса и брада, многу накит и контроверзни сцени на почетокот визуелно го издвојуваа, но тоа не е се. Се одликуваше и по препознатливата боја на гласот, па неговите песни се слушаат повторно и повторно со истиот жар и ентузијазам.
Како што самиот пејач наведува, има многу пријатели низ Балканот, но и деловни соработници бидејќи пејачот веќе снимил некои песни за српскиот пазар. Со пејачката Марта Савиќ сними песна пред повеќе од 10 години, а пред неколку години со Јелена Карлеуша, како и неодамна со пејачката Северина.
– Среќен човек сум затоа што имам многу пријатели во Белград, малку се изморивме поради Ковид, но на сите им праќам бакнеж. Љубовта е поубава кога молчиш за неа, па никогаш нема да ме видите како се сликам со партнерот – открива пејачот.
Тој решил извесно време да се повлече од медиумите за повторно да се појави во сосема поинаква верзија. Промената на имиџот многу ги изненади неговите обожаватели.
– Не сум направил трансформации 10 години, ова сум јас – заврши Азис.
Еве како изгледа Азис денес:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram

