Свет

ФОТО: Низ швајцарските Алпи помина најдолгиот патнички воз што некогаш сообраќал

ФОТО: Низ швајцарските Алпи помина најдолгиот патнички воз што некогаш сообраќал

Најдолгиот патнички воз на светот, составен од 100 вагони кои се протегаат на речиси два километри, вчера помина низ прекрасниот пејзаж на швајцарските Алпи.

Компанијата Raetinska pruga RhB соопшти дека го соборила светскиот рекорд за најдолг патнички воз на годишнината од 175-годишнината од познатите швајцарски железници.

Најдолгиот патнички воз досега

Возот долг 1.910 метри, составен од 100 вагони, патувал низ Алпите во источниот швајцарски кантон Граубуенден.

„За мене тоа е само швајцарско совршенство“, изјави извршниот менаџер на RhB, Ренато Фасцијати за швајцарскиот портал Blick, кој го пренесуваше настанот во живо, додека црвениот воз полека се пробиваше низ планинскиот регион.

Иако има товарни возови кои се подолги, некои над три километри, саботниот настан беше убедливо најдолгиот патнички воз што некогаш сообраќал.

Тој беше неколку стотици метри подолг од возот што го собори рекордот во Белгија во 1990-тите, изјави портпаролот на RhB за AFP.

Во возот имало 150 патници

Со заслепувачкото сонце кое се рефлектира од неговиот сјаен, сребрен покрив и дигитален знак за дестинација на кој пишува „Алпско крстарење“, возот превезувал 150 патници.

Тој ја помина спектакуларната спирална рута Албула/Бернино, светско наследство на УНЕСКО, покривајќи речиси 25 километри од Преда до Алванеу за помалку од 45 минути.

Малку земји имаат толку густа железничка мрежа како Швајцарија, која е позната по точните возови.

Првата железничка линија во историјата на оваа богата алпска земја била отворена на 9 август 1874 година, поврзувајќи го Цирих со Баден, 23 километри северозападно, а патувањето траело 33 минути.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни