Свет

ФОТО: Новиот крал Чарлс III се врати во Лондон, ова е првата промена која ја направи во протоколот

ФОТО: Новиот крал Чарлс III се врати во Лондон, ова е првата промена која ја направи во протоколот

Новиот крал на Велика Британија попладнево се појави пред неговата нова резиденција. По 70 години, жителите на Велика Британија се сведоци на промена на монархот од еден на друг.

За прв пат се исполни и химната од насобраните луѓе, досега се пееше „бог да ја пази кралицата“, а попладнево за прв пат граѓаните спонтано ги променија зборовите со „бог да го пази кралот“. Ова е само една од работите кои треба да ги промени Велика Британија по смртта на кралицата Елизабета II.

За помалку од три часа новиот крал треба да се обрати кон нацијата со првите зборови од таа функција и сите се во неочекуваше што ќе каже тој.

Веќе се гледа една промена во протоколот на кралот, една жена успеа да го бакне новиот крал која спонтано го прегрна новиот крал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни