Авионот Embraer Legacy 600, за кој се верува дека го превезувал Евгениј Пригожин , се урна во средата во близина на Твер, Русија, по полетувањето од Москва. На објавените фотографии од местото на несреќата се гледаат остатоците од авионот во близина на селото Куженкино во областа Твер.
„Москва тајмс“ објави дека телефонот на Пригожин бил пронајден на местото на несреќата, иако неговото тело се уште не е идентификувано, пишува Киев Индипендент.
Авионот не покажувал знаци на неволја се до наглото опаѓање на висината добиено во последните 30 секунди , покажуваат податоците.
Истрагата за несреќата се уште е во тек и нема официјални информации, а поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил верува дека авионот со Евгениј Пригожин бил соборен со експлозивна направа .