AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

ФОТО: Османи на вонреден состанок со заменик државен секретар на САД, НАТО, и сојузниците за ситуацијата во Авганистан

Состојбата во Авганистан го вклучи алармот и во Министерството за надворешни работи. Неколкуте експлозии кои однесоа десетици жртви во близина на аеродромот во Кабул беа причина за вонреден состанок на заменик државниот секретар на САД, НАТО и сојузниците.

„Вонредна координација денес со заменик државен секретар на САД, НАТО, и сојузниците за ситуацијата во Авганистан!“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Бомбаш-самоубиец од исламистичката милитантна група „успеа да стигне до голема група преведувачи и соработници со американската армија во Кампот Баран близу аеродромот во Кабул и меѓу нив го активираше својот појас со експлозиви, при што загинаа околу 60 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети, меѓу кои и талибански борци“, се вели во соопштението.