Попладнево е отстранет автомобилот што му припаѓаше на Дејан Јовановски-Деко, газдата на дискотеката „Пулс“, која изгоре на 16-ти март минатата година.
Возилото беше паркирано пред дискотеката веќе една година, потсетувајќи на трагичниот настан. Вечерва, автомобилот беше тргнат, додека градот се подготвува за одбележување на годишнината.
На 15-ти кон 16-ти март, ќе се одржи посета на „Пулс“, при што се очекува родителите на загинатите да постават срциња со нивните имиња на оградата од дискотеката, во знак на сеќавање и почит.
